Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Сончево време со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната темпертура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната темпертура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне до 26 степени, соопшти УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. В четврток и в сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК