8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Тајфун во Јапонија, едно лице загина, неколку се повредени

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека високи бранови, обилни дождови, лизгање на земјиштето и поплави може да ја погодат централна, источна и северна Јапонија, вклучувајќи го и главниот град Токио.

Тајфунот Талас денеска се приближи до брегот на Јапонија предизвикувајќи обилни врнежи и лизгање на земјиштето во кои загина едно лице, а повеќе беа повредени, една недела откако друг циклон уби четири лица.

Маж на возраст од 40 години загинал во Какегава, префектурата Шизуки, во центарот на земјата, кога неговата куќа се урнала поради лизгање на земјиштето, објавија денеска јавната телевизија NHK и локалните медиуми.

Во Хамамацу, во истата префектура, три лица се полесно повредени при уште еден одрон, јави NHK.

Полицијата не можеше веднаш да ја потврди информацијата. Јапонската метеоролошка агенција наведува дека во 6:00 часот во саботата (петок, 23:00 часот по средноевропско време) тајфунот бил во Тихиот Океан, на околу стотина километри јужно од префектурата Шизука. Се движел кон североисток придружен со удари на ветер од 90 км/ч.

Јапонија е погодена од околу дваесет тајфуни секоја година помеѓу летото и есента. Минатата недела четири лица ги загубија животите, а 151 беа повредени кога тајфунот Нанмадол го зафати југозападниот дел на архипелагот.

Спонзорирано: