14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во централна Кина прогласен црвен аларм поради недостиг на вода

Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво, пишуваат медиумите во регионот.

Според анализите, Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 метри.

Како што пренесуваат медиумите, нивото ќе продолжи да опаѓа бидејќи во блиска иднина не се очекуваат посериозни врнежи.

И во соседната провинција Анхуи ситуацијата е алармантна бидејќи 10 акумулации не можат да испуштаат вода низводно.

Во август беше забележана рекордна висока температура на 267 метеоролошки станици ширум Кина, а бројни посеви беа уништени поради ниското ниво на Јангце.

Во последните денови, во југозападна Кина паднаа обилни дождови кои се значајни за животот, но во централните делови на земјата се уште владее суша која сега трае и до 70 дена.