18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен малолетник од Битола, осомничен за сторени повеќе кривични дела

На 22.09.2022 во 22.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистчки работи Аеродром и Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела.

Тој се сомничи дека на 20.06.2022 извршил „тешка кражба“ во пекарница на ул.„Мајски цвет“, при што одзел пари, на 17.09.2022 извршил „кражба“ во книжарница на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, при што одзел паричник, на 20.09.2022 одзел електричен тротинет на ул.„Никола Малешевски“ и на 22.09.2022 извршил две „кражби“ во продажен објект на ул. „Варшавска“, при што одзел два паричника, додека од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи.

Кај него бил пронајден тротинет, купен со пари кои потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а малолетникот бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи Битола.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: