6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан.

Од Рим соопштија дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, објави „Индепендент“.

„ Пречесниот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциск на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“ – соопшти Ватикан.

На почетокот на оваа недела, Франциск испрати телеграма со сочувство до новиот британски крал, Чарлс III.

Кралицата и папата се сретнаа во Италија во 2014 година.

Папата Франциск во четвртокот ја заврши тридневната посета на Казахстан, каде што учествуваше на 7. Конгрес на светските и верските лидери.

Спонзорирано: