14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

18-годишна девојка преживеа удар од гром во Флорида

На првиот ден од факултет, 18-годишната девојка одела до зградата каде што требало да има часови кога ненадејно паднала на земја. Се обидела да повика помош, но сфатила дека не може да се движи или да зборува. Вака изгледа исповедта на девојката која ја удри гром во градите!

Ема Еглер (18) минатиот викенд се пресели во Пенсакола, Флорида, возбудена поради колеџот на кој требаше да присуствува. На првиот ден од часовите тргнала кон зградата кога гром ја удрил во градите. Го опишала своето искуство и ги покажала последиците!

Ема била погодена од гром во градите и се здобила со тешки изгореници. Кошулата и се залепила за телото, часовникот експлодирал, а од силината на ударот останала дупка на чевлите.
.
“Одев, и одеднаш се најдов на подот. Првото чувство беше срам, мислев дека се сопнав пред сите. Но, потоа сфатив дека не можам да зборувам ниту да се движам. Ми пријде еден млад човек и ме подигна, се јавија во Итна помош.
Кошулата ми беше целосно искината, а парчињата беа залепени за изгорената кожа. Патиките и чорапите имаа дупки и изгорени делови“, рекла таа.

Громот и поминал низ градите, многу блиску до срцето, а таа се здобила со изгореници на градите и стомакот, како и на рацете. Громот излегол низ левата нога, оставајќи дупчиња на чорапите и патиките.

„Лекарите ми рекоа дека треба да купам лотарија бидејќи имам неверојатна среќа што сè уште сум тука“, изјави Ема за американските медиуми. Иако на почетокот мислела дека е трајно парализирана, Ема се опоравува и ја вратила својата подвижност.

Спонзорирано: