17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче пронајдено мртво во врел автомобил во Тексас

5-годишно момче починало откако било пронајдено во врел автомобил пред основно училиште во Јужен Тексас, соопшти полицијата.

– Итната помош во четвртокот во 16 часот и 4 минути добила пријава е пронајдено мртво дете во автомобил паркиран во основното училиште Др. Америко Паредес – рече началникот на полицијата на прес-конференцијата.

Во четвртокот, округот Хидалго забележа температура од 38,3 степени, но субјективното чувство беше 40,5 степени Целзиусови.

Момчето е роднина на лице кое е вработено во кампусот во основното училиште, пишува АБЦ Њуз.

Според непрофитната организации Кидс анд Карс, починатото момче е 19-то дете кое починало во автомобил од топлотен удар во САД оваа година.

Повеќе од 1.000 деца во САД умреле во врели автомобили од 1990 година, соопшти организацијата.

Спонзорирано: