3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

НА ЕДНО ОД ДЕЦАТА ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНА АМПУТАЦИЈА НА НОГАТА, НАЈМАЛОТО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ИМА 6 ГОДИНИ: Страшни сцени од автобуската несреќа во Бугарија

Дванаесет лица, од кои осум се деца и четворица возрасни, се повредени при превртување на автобус со српски регистарски таблички во Бугарија. Според првите неофицијални информации, најмалото хоспитализирано дете има шест години, а најстарото 17 години.

Автобус со српски регистарски таблички, во кој биле деца на фолклорна група од Батајница, вчера се превртел на автопатот Тракија. Несреќата се случила околу 20 часот и 10 минути на 216-от километар во правец кон Софија, недалеку од Стара Загора.

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=612537510267898

Децата патувале кон Белград, по доморот на Сончев брег каде учествуваа на фолклорен фестивал во Несебар, изјави еден патник во автобус.

„Од примените деца, четири се испратени на скенирање. Едно од постарите повредени има сериозна повреда на ногата и најверојатно ќе му биде потребна ампутација“, изјави директорот на Универзитетската болница во Стара Загора, проф. Јовчо Јовчев.

Спонзорирано: