12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Во Бугарија се преврте српски автобус, има повредени деца

Автобус со српски регистерски таблички се преврте во Бугарија

На осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата која се случи вечерва во која автобус со срски регистерски таблички се преврте во Бугарија на автопатот Тракија, соопшти бугарското Министерството за здравство.

Автобусот откако се превртел, паднал во ендек.

Брза помош од подружниците на Центарот за итна медицинска помош во Сливен и Стара Загора веднаш реагирале на сигналот добиен нешто по 20:00 часот.

Нема загинати во сообраќајната несреќа.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Дерменџиев, коментира дека нема тешки загуби и дека децата се живи и здрави. Според бугарскиот министер за внатрешни работи, причина за несреќата била грешката на српскиот возач, кој бил деконцентриран и изгубил контрола над автобусот. Нема надворешни пречки, ниту на патот, ниту во сообраќајната сигнализација, рече тој.

Спонзорирано: