11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Деца од 8 и 11 години меѓу жртвите на вчерашното пукање

Осумгодишно и 11-годишно дете се најмладите жртви на вчерашниот масакр во Цетиње, што го изврши 34-годишниот Вук Бориловиќ, кој уби вкупно десет лица. Јавната обвинителка Андријана Настиќ изјави дека Бориловиќ бил убиен од еден сограѓанин, а не од полицијата.

Мотивот на нападот останува непознат. Бориловиќ, за кого соседите велат дека не бил проблематичен и бил татко на три деца, прво ги убил жената и нејзините две малолетни деца кои живееле кај него како потстанари, а убиствениот поход го продолжил надвор, пукајќи од ловечка пушка во случајни минувачи.

„Според досега познатите околности, Бориловиќ прво пукал во членовите на семејството кои живееле во неговата куќа како потстанари, а потоа излегол надвор и пукал во жителите на населбата Медовина, при што се убиени седум лица, а шест се повредени. Во престрелката со Бориловиќ тешко е повреден и еден полицаец“, изјави директорот на полицијата Зоран Брѓанин.

Од Клиничкиот центар на Црна Гора кажаа дека тројца од ранетите имаат сериозни повреди.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ прогласи три дена национална жалост, опишувајќи го злосторството како незапаметено во поновата историја на земјата.