3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпигел: Доверливи документи на Шолц фрлени во „ обично“ ѓубре

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата сопруга Брита Ернст, министерка за образование на покраината Бранденбург, фрлиле доверливи документи во „обичното“ ѓубре на нивниот приватен стан, пишува неделникот „Шпигел“.

Така соседите наводно ги пронашле интерните документи од последниот Самит на Г7.

Дополнително, во корпата за отпадоци на канцеларската двојка биле пронајдени и страници од календарот на првиот човек на германската влада, печатени мејлови, па дури и нацрти за говор, пренесува медиумот.

Најнезгодниот документ што бил фрлен, без претходно да биде уништен, бил документот од Самитот на Г7, кој содржел кратки профили на партнерите.

Во еден од доверливите документи како што пренесува неделникот, за сопругата на италијанскиот премиер во заминување Марио Драги, Марија Серенела Капело, се вели дека ја избегнува јавноста.

Ваквите податоци, кои биле наменети за сопругата на канцеларот, биле вклучени во категоријата како „многу доверливи информации“, па затоа не треба да се носат дома, а камоли да се фрлаат во корпите за отпадоци без претходно да бидат уништени, наведува „Шпигел“.

Спонзорирано: