14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Извлечен рекорден џекпот: Освоени 195 милиони фунти на лотарија во Велика Британија

Се уште непознато лице од Велика Британија освоило рекорден џек пот во износ од 195 милиони фунти на лотаријата Еуромилионс, објави операторот Камелот.

Среќните броеви на добитниците беа 6, 23, 27, 40, 41 додека броевите 2 и 12 беа „Среќни“. Ова е и најголемата добивка во историјата на Националната лотарија, а претходниот рекорд беше поставен во мај кога среќните добитници добија 184 милиони фунти.

Лотаријата Euromillions се одржува двапати неделно во вторник и петок и се игра во 13 европски земји. Целосниот износ што го доби победникот беше 195.707.000 фунти.

– Играчите се поканети да ги проверат билетите и да ни се јават доколку мислат дека се вечерашниот среќен добитник на рекордната сума – изјави Енди Картер од Камелот.

Во историјата на Велика Британија уште 15 билети освоиле повеќе од 100 милиони фунти, а последен пат тоа се случило во мај, кога еден пар освоил 184 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира

Освои повеќе од 200.000 долари на лотарија – „Мојата сопруга сè уште мисли дека се шегувам“

M T

Слика од Л.С Лори се очекува да добие над 1,2 милиони фунти на аукција

M T