20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Во оваа држава е ПЕКОЛНО ЖЕШКО – Истураат сол на патиштата

Алберт Хејн, најголемиот синџир супермаркети во земјата, објави дека привремено ја прекинува испораката до дома за да ги поштеди своите возачи кои носат намирници до клиентите во големите горештини.

Холандија е зафатена од екстремни горештини, достигнувајќи близу 40 степени Целзиусови, а општинските власти и приватниот сектор презедоа вонредни мерки во вторникот.

Пуштени се во функција машини за разнесување сол на одредени сообраќајници со цел да се намали температурата на површината. Општинските власти објаснија дека солта ја извлекувала влагата од воздухот со последователно разладување на асфалтот, која во такви услови може да достигне и 50 степени.

Алберт Хејн, најголемиот синџир супермаркети во земјата, објави дека привремено ја прекинува испораката до дома за да ги поштеди своите возачи кои превезуваат намирници до клиентите во големите горештини. Клиентите беа огорчени на социјалните мрежи.

Голем број на подвижни мостови во Амстердам се разладуваа со вода за да се намали ширењето на челикот и да се спречи негово заглавување. Мостовите честопати треба да се подигнат за да се овозможи пловни објекти да минуваат по каналот.

Метеоролошката служба извести дека температурите ќе се искачат до 39 Целзиусови степени во провинцијата Лимбург на југоисточниот дел на земјата и над 38 степени Целзиусови во Зеланд, инаку посвежата југозападна крајбрежна провинција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

АМСМ: На граничниот премин Богородица има задржување за излез од државата

M T

На Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути

M T

Младите Јапонци биле премногу трезни, државата бара идеи како да го промени тоа

M T

На Табановце се чека до еден час

M T

СДСМ: Нема да дозволиме блокадите нарачани од Груевски да ја закочат државата

M T

Лукаревска: Само обединети ќе придонесеме државата да оди напред

M T