13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

СДСМ Гевгелија: Во време на криза Општина Гевгелија се задолжува 40 милиони денари кај деловни банки

Соопштение на СДСМ Гевгелија:

Задолжувањето на општина Гевгелија единствен проект на градоначалникот

Советот на Општина Гевгелија на предлог на градоначалникот Андон Сарамандов на 12-та седница (одржана 19.07.2022 г.) донесе одлука за долгорочно кредитно задолжување на општината од 39.803.000 денари.

Задолжувањето е првиот проект што Сарамандов го остварува во својот градоначалнички мандат, а не им го вети на граѓаните во изборната програма.

Советничката група на СДСМ не го прифати ова задолжување и не даде одобрување во текот на гласањето од следните причини:

– Во услови на светска енергетска и економска криза неоправдано е да се задолжува општината кредитно во деловна банка без да се искористат буџетските можности за пренаменување на средствата од проекти кои немаат можност да се остварат во текот на годината;

– Неоравдано е општината да не се обрати за безкаматна позајмица до Бирото за развој, туку веднаш посегнува по средства од деловни банки кои долгот го обременуваат и со регуларна банкарска камата;

– Барањето за долгорочно задолжување на градоначалникот Сарамандов доставено до советниците нема договорни одредби за видот на каматата, дали е таа фиксна со 2,5 – 4,5% или променлива, што е енигма и финансиски ризик за Општината;

– Долгорочното кредитно задолжување е економски неисплатливо бидејќи не креира финансиски приходи на Општината, туку изградба на водоводна и канализациона мрежа за улица „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија;

– Градоначалникот Сарамандов без одлука на Советот на општина Гевгелија си прави „пиши-бриши“ на улици во Гевгелија, па така Западниот Булевар во Гевгелија го преименува во улица „Свети Климент Охридски“ со цел со лажното улично именување да се конкурира за средства до Министерството за финансии за финансирање на доградбата на Западен Булевар. (бидејќи Министерството немало програма за инвестициско учество во изградба на булевари, туку само на улици).

– Со грејс периодот од 3 години Сарамандов се обезбедил да добие пари од деловна банка, а да не исплати ниту една кредитна рата за време на својот градоначалнички мандат.

Работен стил на Сарамандов – „После мене потоп“!

СДСМ Гевгелија не е против изградбата на Западен булевар, но е против долгорочното кредитно задолжување на Општината кое што треба да го плаќаат даночните обврзници на општина Гевгелија.

Општина Гевгелија беше задолжена со кредит од 127 милиони денари за време на претходниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа не пишано правило е дека секогаш кога доаѓаат од ДПМНЕ на власт во локалната самоуправа веднаш ја задолжуваат Општината на милионски износи со деловни кредити и камати.

Изгледа судбина на Гевгелија и на граѓаните на Гевгелија е да ги враќаат кредитите од неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ! Така изгласаа советниците на ВМРО!

Спонзорирано: