12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше откако бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.

„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО! Пријатели смирете се: тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене“, напииша Рама на Твитер.

Според напишаното од страна на бугарското министерство за надворешни работи изјавите на Рама се оценети како неиспровоцирани и остри.

„Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да се нарушува со погрешна проценка на политичарите. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, се посочува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Спонзорирано: