11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев: Францускиот предлог е најдобар во моментов

Претседателот на Бугарија – Румен Радев денеска изјави дека „францускиот предлог за деблокирање на евроинтегративниот процес на Македонија е најдобар за Бугарија, но бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија.

Тој истакна дека најдоброто е тоа што Бугарија успеала да се спротивстави на два совета за проширување на ЕУ, кога имала јасна позиција и јасни аргументи.

Радев смета дека „прашањето за одбрана на граѓанските права и борбата против дискриминацијата не може да биде билатерално прашање само меѓу Бугарија и Република Македонија, туку мора да се постави на ниво на ЕУ“.

Ги повика бугарските политичари да не брзаат со прогласување историска победа затоа што промената на Уставот на Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ.

„Треба да биде јасно дека овој процес се заснова на два важни документи – првиот е Преговарачката рамка, која е обврска и ја подготвува ЕУ. Вториот е билатералниот протокол, кој е наша заложба и е составен дел на преговарачката рамка“ – рече Радев, пренесува „БГНЕС“.