17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

(Видео) Авион слета без тркала и се запали на писта во САД

Авион со 126 патници се запалил по слетувањето на аеродромот во Мајами, јавува „Скај њуз“.

Според информациите, откажала предната опрема за слетување на авионот на компанијата „Ред ер“, кој летал од Санто Доминго во Доминиканската Република.

Авионот се лизгал по пистата, ја пробил комуникациската кула и застанал на тревата. Патниците се евакуирани, а три лица завршиле во болница и се со полесни повреди.

„Мислев дека ќе умрам. До мене имаше еден старец и го прегрнав. Беше ужасно“, изјави една од патниците за „Скај њуз“.