20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Ирпин стана симбол на незамисливата суровост на руската војна

„Украинскиот град Ирпин, како и претходно Буча, стана симбол на ‘суровоста на руската војна’ во Украина и нејзиното бесмислено насилство“.

Ова денеска го изјави германскиот канцелар – Олаф Шолц за време на посетата на предградието на Киев. Тој повтори дека војната мора да заврши.

„Ирпин, како и Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши“ – напиша Шолц на Твитер.

Германскиот канцелар е во посета на Украина заедно со францускиот претседател – Емануел Макрон и италијанскиот премиер – Марио Драги.