12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Францускиот предлог за кревање на ветото ќе биде доставен во Софија попладнево, тврдат бугарските медиуми

Предлогот на француското претседателство за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската Унија ќе биде доставен за неколку часа, јави бугарската агенција БГНЕС.

Според информациите, денеска во бугарското Собрание се одржала средба на француската амбасадорка Флоранс Робин со пратеници од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција.

На состанокот, кој започнал во 11 часот по софиско време, амбасадорката рекла дека ќе ги достави француските предлози за неколку часа и се надева дека ќе бидат изгласани во наредните денови, како што е договорено, посочува БГНЕС.

Оваа информација ги потврдува претходните вести на агенцијата дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание.

Како што пренесува бугарската новинска агенција, Петков се пофалил дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“.

„В четврток, на 16 јуни, официјално ќе биде испратен до сите земји членки на ЕУ, а јас лично го испраќам до парламентот“.

Петков денеска зборуваше и за брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати.

Претходно, на заедничка конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Охрид, македонскиот претседател Стево Пендаровски рече дека властите во Скопје немаат видено француски предлог за надминување на спорот.

„Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, ‘предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика’. Со овој потег Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарското општество крие што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати“, коментира БГНЕС.

Спонзорирано: