3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Поранешен руски премиер: Ако падне Украина, следни се балтичките земји

Михаил Касјанов, првиот премиер на рускиот претседател Владимир Путин, предупреди дека доколку рускиот претседател Владимир Путин успее да ја нападне Украина, негова следна цел ќе бидат балтичките земји.

Касјанов, сега лидер на руската опозиција, беше премиер на Русија меѓу 2000 и 2004 година, кога Путин беше претседател. Пред да биде член на администрацијата на Путин, тој имаше неколку улоги во администрацијата на Борис Елцин.

64-годишниот политичар се сврте против Путин во 2008 година, кога како ривалски кандидат на претседателските избори му беше забрането да се кандидира поради политички причини.

Во изјава за АФП, Касјанов рече дека познава поинаков Путин од оној што ја започна инвазијата на соседна Украина.

Касјанов, исто така, рече дека мисли дека Путин блефира за војната во Украина. Но, кога рускиот лидер свика состанок на Советот за безбедност на 21 февруари, само три дена пред почетокот на инвазијата, Касјанов сфатил дека шефот на руската држава навистина има намера да почне војна.

Тој додаде дека верува оти војната може да трае до две години. Тој нагласува дека Украина мора да победи за да го спречи ширењето на агресијата во други области во Европа.

„Ако Украина падне, балтичките земји се следните“, рече Касјанов, цитиран од „Њузвик“.

Спонзорирано: