17.8 C
Скопје
2. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Култура

Авторката на „Како да го убиеш сопругот“ осудена на доживотен затвор за убиство на својот сопруг

Американска писателка која напиша книга „Како да го убиеш сопругот“ во понеделникот беше осудена на доживотен затвор за убиството на нејзиниот сопруг.

Ненси Крамптон Брофи (71) ќе може да поднесе барање за условна казна по 25 години, изјави судија во сојузната држава Орегон.

Во текот на четиринеделното судење беше откриено дека авторката го убила сопругот со пиштол што го купила на eBay за да добие животно осигурување од стотици илјади долари. Полицијата не го најде оружјето, за кое таа тврди дека го набавила за истражување за нов роман.

Готвачот Даниел Брофи бил пронајден на подот во просторија во сега веќе неактивниот институт за кулинарство каде што работел во јули 2018 година. Тој бил погоден двапати. Безбедносните камери покажале дека неговата сопруга во моментот на убиството возела во таа област.

Авторката, чиј серијал романи „Погрешното никогаш не било толку правилно“, кој ги вклучува романите „Погрешен сопруг“ и „Погрешен љубовник“, тврди дека не се сеќава дека била таму, но ако била во соседството, тоа било за да добие инспирација за нејзиниот роман.