20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулин: Србија е земја во која не вреди да се бавите со криминал

Во пресрет на денешната прослава на денот на Министерството за внатрешни работи во Србија, министерот Александар Вулин изјави дека полицијата ги разбила најголемите и најорганизираните криминални групи во последната година и пол.

„Србија е безбедна земја, граѓаните имаат на кого да му веруваат и на кого да се потпрат бидејќи полицијата се грижи за секој сегмент од животот“, изјави министерот за внатрешни работи Вулин, додавајќи дека српската полиција поради своите резултати постигнала големо признание од сите европски полиции.

„Имаме резултати кои се широко признати од сите европски полиции, кои зборуваат за Србија како безбедна земја, земја во која не вреди да се бавите со криминал“, рече министерот Вулин во дневникот на РТС.

Тој ги коментира и дојавите за бомби кои беа вообичаени во Србија во последните недели.

За РТС изјави дека во огромен број случаи полицијата доаѓа до осомничените кога повиците доаѓаат од Србија, додека за дојавите од странство рече дека се работи за специјална хибридна војна.