5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг: Јасна ни е загриженоста на Турција и сериозно ја сфаќаме

Загриженоста за безбедноста изразена од Турција наспроти барањата на Финска и Шведска за членство во НАТО е легитимна, изјави денеска генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на Финска.

„Ова се оправдани грижи. Станува збор за тероризам, за извоз на оружје“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто, пренесува „Ројтерс“.

Како што рече генералниот секретар на НАТО, мора да се разбере дека ниту еден сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција.

Столтенберг и Нинисто рекоа дека разговорите со Турција ќе продолжат, но не дадоа индикации за напредок во преговорите, наведува британската агенција.

„Самитот во Мадрид никогаш не беше краен рок“, рече Столтенберг, мислејќи на состанокот на НАТО во Мадрид кон крајот на јуни.

Тој рече дека Турција е клучен сојузник за алијансата поради нејзината стратешка локација на Црното Море меѓу Европа и Блискиот Исток.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.

Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека поддржуваат и засолнуваат курдски милитанти и други групи што официјална Анкара ги смета за терористи.