33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет ТОП ВЕСТИ

Дојави за бомби во неколку трговски центри во Загреб

Загребската полиција добила неколку пријави за бомби во Загреб.

„Оперативната должност на полициската управа во Загреб за краток период од половина час добила пријави за наводно поставени експлозивни направи во неколку трговски центри во градот Загреб“, потврдиле од полицијата во Загреб, пишуваат медиумите во регионот.

Во овој момент, според нивните написи, полицијата ги презема сите мерки за утврдување на околностите.

„Полицијата е на терен и ги презема потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните“, велат од полицијата и додаваат дека нема простор за паника.

Според извештаите на медиумите, пристигнати се информации за најмалку три трговски центри.

Ова не е прва дојава за бомби во трговските центри во Загреб. Кон крајот на април, полицијата добила дојава за бомба во „Арена Центарот“, но при претресот во центарот не бил пронајден експлозив.

Во „Авенија мол“ имало претреси и во мај поради пријавување наводна бомба. Тогаш се докажало дека станува збор за лажна пријава.