20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Хрватска има порака до Србија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека Србија мора да внимава чија страна избира и држи доколку има амбиции за влез во Европската унија

„Ова не е време за седење на две столчиња“, изјави Пленковиќ на новинарите во Загреб.

Тој одговори на прашањето за откажување на посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Белград, бидејќи Бугарија, Македонија и Црна Гора го затворија својот воздушен простор за авионот што би го превезувал министерот за надворешни работи на Русија.

„Тоа нема врска со нас, тоа е работа меѓу Русија и Србија. Србија мора да биде многу внимателна чија страна избира и држи, доколку има амбиции да влезе во ЕУ“, нагласи хрватскиот премиер.

Спонзорирано: