8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ СТИГНАА ДО СЛОВЕНИЈА-СТАПКАТА НА СМРТНОСТ ОД 3 ДО 6 ОТСТО: Како се шират и дали делуваат вакцини

Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница.

Колку е опасна болеста?
Повеќето случаи се благи и исчезнуваат сами по себе во рок од две до четири недели. Сепак, тешки инфекции се забележани кај имунокомпромитирани лица и мали деца. според СЗО, стапката на смртност е од три до шест проценти. Стапката на смртност од сојот кој е регистриран во регионот на Конго може да биде до 11 отсто, додека западноафриканската има многу помал процент, 0,1 отсто

Дали вакцината е ефикасна?
Според СЗО, досегашните податоци од Африка покажуваат дека вакцината против мајмунските сипаници може да биде и до 85 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции од мајмунски сипаници. Сепак, вакцините против сипаници не се користат од 1980 година, кога беа искоренети, што значи дека голем дел од светската популација денес е невакцинирана.

Исто така, не постои специфичен лек за лекување на мајмунски сипаници, но лековите со активни состојки како што се цидофовир и бринцидофовир се покажаа како корисни.

Дали е можна нова пандемија?
Сè уште е малку веројатна нова пандемија поради повеќе причини. Без асимптоматски случаи и многу очигледни симптоми на болеста, пациентите обично се изолираат пред да можат да заразат други. Преносот меѓу луѓето, исто така, бара продолжен близок контакт, ограничувајќи го потенцијалното ширење меѓу заедниците. Друг фактор е тоа што мајмунските сипаници се ДНК вирус кој не мутира толку брзо како СОВИД-19.

Спонзорирано: