21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

ПРВ СЛУЧАЈ НА МАЈМУНСКА СИПАНИЦА ВО СЛОВЕНИЈА: Заразениот се вратил од Канарските острови во Љубљана

Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, јавува порталот N1 Словенија.

Според N1 Словенија, пациентот во понеделникот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно може да се заклучи дека се работи за полесна форма на болеста.

Според порталот, станува збор за маж кој се вратил од Канарските острови.

Словенечкиот национален институт за јавно здравје се очекува денеска да соопшти повеќе информации.