11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Русија ги повика своите граѓани: Не патувајте во непријателска Британија

Руското Министерство за надворешни работи им порача на руските граѓани да не патуваат во Велика Британија.

„Имајќи го предвид крајно непријателскиот однос што Велика Британија го има кон нашата земја, а со цел да се избегнат финансиски загуби и други можни проблеми, им препорачуваме на руските граѓани, доколку е можно, да се воздржат од патување во Велика Британија и од обиди да стигнат до британска виза“, се вели во известувањето.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Велика Британија се покажа како еден од најсигурните сојузници на Украина, на која ѝ испрати огромно количество оружје за одбрана од руските напаѓачи.