7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Финска: „Немаме директни воени закани од Русија“

Финска во моментот нема директни воени закани од Русија, изјави постојаниот претставник на земјата во НАТО, Клаус Корхонен, пренесува „Тасс“.

Тој рекол дека потенцијалниот пристап на неговата земја во НАТО може да биде резултат на многу драстична промена во нивната безбедносна средина, но во моментот рекол дека нема директни воени закани или какви било нерегуларни активности од Русија.

Во исто време, истакнал дипломатот, Хелсинки очекува дека Москва може да организира сајбер-напади и кампањи за дезинформација.

Зборувајќи за ризиците од нуклеарен конфликт, Корхонен нагласил дека тие во моментот се минимални. „Ние сме многу далеку од каква било нуклеарна ситуација“, рече тој.

На почетокот на април се интензивираа дискусиите за можното приклучување на Финска во НАТО.

Главните членки на алијансата ја поддржаа оваа иницијатива.

Во Финска мнозинството пратеници гласаа за влез на земјата во воениот блок.

Русија вчера предупреди дека ќе мора да преземе воено-технички чекори поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи објави дека приемот на Финска во НАТО ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа.

Спонзорирано: