13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!

Привршуваат последните подготовки за добивање идентификациски броеви на „Отворен Балкан“, односно дозвола за работа без бариери во Албанија, Србија и Северна Македонија, пишува Дојче Веле на македонски.

Без никакви административни бариери граѓани на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да бараат работа и да се вработат во некоја од трите земји, со помош на идентификациски броеви што се предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.

Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што кон крајот на декември во Тирана ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев за слободен пристап до пазарот на труд, односно за единствена работна дозвола за сите три земји.

Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни, што би значело дека уште ова лето може да има голема флуктуација на работна сила во трите земји.

Од домашните надлежни институции потврдуваат дека се работи на усогласување на техничките детали за оваа постапка. Како ќе изгледа таа повеќе информации даде советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ во гостување на РТС.

„Секој граѓанин кој сака да се вработи во една од овие три земји, преку порталот е-Управа ги внесува своите основни податоци: број на лична карта или пасош и други податоци кои потврдуваат дека се работи за таа личност. Преку тој портал добива идентификациски број на ‘Отворен Балкан’, со кој практично стекнува право да конкурира за работа во која било од овие три земји. Очекуваме и се надеваме, на следниот самит на ‘Отворен Балкан’ кој треба да биде во почетокот на јуни во Скопје, да се издадат тие идентификациски броеви, односно лични карти и да почне сезоната за нивна работа во трите држави“, вели Ѓурѓевиќ, пишува Дојче Веле.

Целиот текст прочитајте го на Дојче Веле.