20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Аналитичар за руската инвазија: Молдавија треба да се подготви за најлошото

Kоментирajќи ја тримесечната руска инвазија на Украина, надворешнополитичкиот аналитичар Бранимир Видмаровиќ вели дека во фокусот на Русија дефинитивно е јужниот дел од таа земја, пренесуваат медиумите во регионот.

„Гледаме дека новата фаза се разликува од првата, која беше побрза и имаше поголеми проблеми. Сега гледаме побавно, потемелно, поодмерено и посистематично темпо“, вели Видмаровиќ за акциите на руските сили.

Тој додава дека ова е вистинското лице на војната, а првата фаза била присила кон преговари со цел да се изнуди компромис. „Ова е бескомпромисна опција“, кажал тој.

Видмаровиќ се сомнева дека Русија би можела да го освои Донбас до Денот на победата.

„Очигледно е дека ништо радикално нема да се случи тој ден, бидејќи тешко дека Русија сега може да го окупира Донбас со оваа бавна тактика на опкружување до 9 мај“, вели аналитичарот.

Наведува дека тогаш ќе се повлече линијата.

„Русија, доколку не прогласи постигнување на дел од своите цели, тогаш ќе објави трета фаза, ново поглавје во војната. Верувам дека Молдавија треба апсолутно да се подготви за најлошото што може да се случи. Подобро е така отколку да се случи нешто изненадувачки“, додава аналитичарот.

Тој ги коментираше и заканите од Русија за можна употреба на нуклеарно оружје.

„Нуклеарната закана се намалува доколку Путин ги постигне своите цели. Ако Путин загуби на теренот, тогаш се зголемува опасноста од очајнички потег“, изјавил аналитичарот.