16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски возврати: Вие го криевте убиството на Нешковски, а Тот го уби човек близок до Мицкоски!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрли обвинувањата дека го затскривале убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

-Убиството беше решено во најкус рок. За да криете нешто треба да имате мотив? Кој би бил нашиот мотив? – рече Спасовски.

– Advertisements –

Тој посочи дека убиецот на странскиот ракометар го убило лице кое, како што рече, било блиско до лидерот на Ковачки.

-Тоа го покажуваат сликите – рече Спасовски, алудирајќи на фотографиите што излегоа во јавноста, каде првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски е фотографиран со Христијан Мицкоски.

Воедно, тој возврати дека своевремено ВМРО-ДПМНЕ како власт се обидуваше да го скрие убиството на Мартин Нешковски.

-Ваше обезбедување, припадници на МВР, на прослава на ВМРО-ДПМНЕ убија ваш член – истакна Спасовски.

Спонзорирано: