16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Му честитав нов мандат на Макрон – Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода

Фејбук статус на експремиерот Зоран Заев

En Marchе! En route!
Денеска од трибина од Струмица организирана од Амбасадата на Франција во Северна Македонија му честитав нов мандат на претседателот Макрон – реков дека тој донесе нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа.

Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.

Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.

Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница.

Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.

Спонзорирано: