12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Австрискиот канцелар за рускиот претседател: Не му верува на западниот свет

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во интервју за NBC изјави дека „Владимир Путин верува дека ја добива војната“.

Нехамер се состана со рускиот претседател минатата недела и со тоа стана првиот западен лидер што го стори тоа од почетокот на инвазијата во февруари.

Тој вели дека му рекол на Путин во Москва дека „морално ја губи војната“ и дека „сите одговорни за воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“. Во делови од интервјуто на Нехамер за NBC, австрискиот канцелар изјави дека верува оти Путин живее во свој свет.

– Мислам дека сега е во својата воена логика. Тој смета дека војната е неопходна за безбедносните гаранции на Руската Федерација. Тој нема доверба во меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцидот во Донбас. Така, додека тој сега е во својот свет, мислам дека не знае што се случува во Украина сега. Но, мислам дека тој верува дека ја добива војната – рече Нехамер.

Нехамер беше прашан од водителот за реакцијата на Путин на обвиненијата за воени злосторства.

-Ми рече дека ќе соработува со меѓународната истрага од една страна, а од друга ми рече дека нема доверба во западниот свет. Така што тоа ќе биде проблем во иднина. Мислам дека меѓународната доверба во Обединетите нации, меѓународна истрага, е неопходна. Така, тоа беше тешка дискусија едни со други. Но, се обидов да го убедам дека, на пример, војната во поранешна Југославија ни покажа дека меѓународната истрага е корисна за гонење на воените злосторници – изјави австрискиот канцелар.

Спонзорирано: