14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинско обвинителство: Евидентирани неколку илјади злосторства

Канцеларијата на државниот обвинител на Украина ги објави досега собраните податоци за извршените воени и други злосторства во Украина од почетокот на руската агресија врз оваа земја. Според овие податоци, евидентирани се неколку илјади злосторства, поделени во неколку групи: злосторства на агресија и воени злосторства, злосторства против националната безбедност, главен случај на агресија на Руската Федерација и злосторства против деца.

Кога станува збор за злосторствата на агресија и воените злосторства, обвинителите тврдат дека евидентирале 6.673 случаи поврзани со прекршување на законите и правилата за војна, планирање или започнување и водење агресивна војна, воена пропаганда и други злосторства.

Обвинителите забележаа 3.040 злосторства против националната безбедност поврзани со повреда на територијалниот интегритет и неделивост на Украина, предавство, саботажа и друго.

Во врска со главниот случај на агресијата на Руската Федерација против Украина, обвинителите идентификуваа 575 осомничени, меѓу кои министри, членови на парламентот, воени команданти, функционери, шефови на агенции за спроведување на законот, поттикнувачи на војна и пропагандисти на Кремљ.

Последната точка што украинските обвинители ја наведуваат како инкриминирачки се злосторствата врз децата. Досега собраните податоци покажуваат дека загинале 198 деца, а 355 се повредени.

Треба да се напомене дека покрај локални обвинители, има и меѓународни експерти, советници од повеќе земји и главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, кој веќе покрена истрага за воените злосторства извршени во Украина

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството ќе се жали на пресуда што ја добија Блатер и Платини

M T

Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

M T

СДСМ: Обвинителство да ги истражи сите јавни наводи за Мицкоски поврзани со рекет и закани кон бизнисмени

M T

Без дозвола поминал преку полна линија – Се бара притвор за скопјанецот кој усмрти мотоциклист и избега

M T

Лажни истражители барале 75.000 евра за да запрат постапка во обвинителството

M T

Маричиќ: Одобрени се средства за нови вработувања во Обвинителството и судовите

M T