24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Да имаа сите во светот барем десет проценти од храброста како нас Украинците …

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата во Бородјанка е многу полоша отколку во Буча, каде што беа масакрирани цивили и од каде пристигнаа ужасни снимки во текот на неделата.

– Во овој град има повеќе жртви отколку во градот Буча. Секое злосторство ќе биде разрешено и секој џелат ќе биде пронајден – рече Зеленски.

Потоа тој имаше порака.

– Кога секој во светот би имал барем десет проценти од храброста што ја имаме ние Украинците, немаше да има опасност за меѓународното право. Немаше да има никаква опасност за слободата на народот. Ќе ја шириме нашата храброст. Да започнеме специјална глобална кампања – рече украинскиот претседател.