12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Вучиќ за прв пат во медиумите по изборите: Цел свет ми честиташе

Претседателот на Србија и Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, вечерва во гостувањето на РТС изјави дека никој од противниците не му ја честитал победата.

Вучиќ истакна дека тоа повеќе зборува за нив отколку за него.

– Не ми пречи тоа, ми честиташе цел свет, а пред се граѓаните на Србија – рече Вучиќ, нагласувајќи дека е горд на постигнатиот резултат.

Разговараше со Путин
Вучиќ потсети дека за разлика од противниците, тој им честитал на противниците кога ги изгубил изборите. Тој рече дека загубил не само од Богдановиќ, туку и во 2008 година, кога, како што рече, Александар Антиќ и Ивица Дачиќ го мамеле со месеци и кога демократите ја формирале власта, па дошол во градското собрание и му подаде рака на Драган Ѓилас.

Претседателот на Србија рече дека така се прави во цивилизираните земји, бидејќи со тоа се испраќа најдобрата порака. Во врска со разговорот со лидерот на Русија, Владимир Путин, Вучиќ рече дека долго разговарале за се.

– Беше фер. Добар беше муабетот, коректен, зборевме за гас, нафта, НИС. Се знаеме долго време и нема да прифатам како што го нарекуваат Хитлер, лудак и хистерик. Тој е стабилен и рационален. Постигнавме договор и тоа е важно за Србија. Ми кажа дека ситуацијата во Украина оди според неговиот план.

Не го прашав да ми каже за тоа, бидејќи ние сме мала земја која не може да ја реши судбината на светот, но тој ми рече дека со претставниците на многу помали земји од ЕУ дал објаснувања за ситуацијата во Украина и Буча – изјави Вучиќ.

Србија под голем притисок
Вучиќ истакна дека Србија била под голем притисок и уцена пред гласањето за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН.

– Сакам луѓето да разберат. Србија е под големи уцени. На Србија и се заканува „нуклеарен удар“, не вооружен, туку пакет санкции и запирање на европскиот пат. И тогаш што да правиме, ги прашувам овие патриоти?

Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија. Добив орден Александар Невски и знам што зборувам и што прави Србија. Успеваме да издржиме се. Ние го следиме нашиот политички курс, чесен, морален и приватен. Не сме изолирани од светот, нема да и свртиме грб на Русија, но сме на европскиот пат – рече Вучиќ.