Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Апел за внимателност: Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната

Соопштение од Влада – интегрален текст:

Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК