19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија и’ порача на Црна Гора дека „соодветно ќе одговори“ на санкциите

Владислав Маслењиков, рускиот амбасадор во Црна Гора, денеска изјави дека Москва адекватно ќе одговори на новите санкции што им ги воведе Црна Гора.

– Безусловното пристапување на Црногорците кон сите одлуки на Европската унија за санкции, почнувајќи од 2014 година, тешко може да се смета за пријателски чекор. Мислам дека и денешната одлука на црногорската влада ќе биде придружена со адекватен одговор – изјави Маслењиков за ТВ каналот „Русија 24“.

Рускиот амбасадор во Црна Гора рече дека ќе следи реципрочен и можеби асиметричен одговор.

Да потсетиме, Црна Гора денеска, по неколку неуспешни обиди, усвои пакет рестриктивни мерки против Русија поради инвазијата на Украина.

Исто така, руската амбасада синоќа потврди дека добила нота за протерување на четворица руски дипломати. На почетокот на март, Црна Гора протера уште еден руски дипломат.

Спонзорирано: