19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бајден го осуди нападот во Краматорск: Уште еден ужасен масакр извршен од Русите

Американскиот претседател Џо Бајден остро го осуди ракетниот напад утринава врз железничката станица Краматорск, во кој загинаа 50 цивили.

– Нападот на украинската железничка станица е уште еден ужасен масакр што го извршија Русите. Тие ги нападнаа цивилите кои се обидуваа да се евакуираат и да стигнат на безбедно – рече Бајден.

Бајден додаде дека САД ќе продолжат да снабдуваат оружје за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја.

„И, заедно со нашите сојузници и партнери, ќе ги поддржиме напорите за истрага на овој напад додека ги документираме руските акции и ги повикуваме на одговорност“, додаде Бајден.

Спонзорирано: