6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Мухамед Зекири поднесе неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири објави на Фејсбук дека поднесува неотповиклива оставка од функацијата Генерален секретар на Владата.

Ова доаѓа откако Јавениот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против Зекири и двајца хрватски државјани
M
„Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски
Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.
Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.

Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зекири на Фејсбук.

Спонзорирано: