24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белгија ги повлече чоколадите „киндер“ поради можно труење

Белгиските власти го прекинаа производството на чоколадото „киндер“ во фабриката во Арлон откога матичната италијанска компанија „Фереро“ даде недоволни информации за неодамнешното труење со салмонела во Европа.

Денеска, белгиската Агенција за безбедност на храната го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100g и Kinder чоколадни бонбони произведени во Арлон.

Европската управа за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болестите соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, поврзани со чоколадните јајца на Kinder Surprise.