Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски – Курти: Секоја средба е поттик за натамошно унапредување на билатералната соработка

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета и учество на економскиот форум „Делфи“ во Грција одржа средба со својот косовски колега Албин Курти.

Двајцата премиери ги оценија врските меѓу двете земји како исклучително добри и разговараа за дополнително интензивирање на соработката за јакнење на економската соработка и за негување добрососедски односи.

На средбата беше оценето дека заедничката седница на владите на двете земји, предвидена да се одржи во јуни годинава, е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка.

Ковачевски и Курти нотираа дека владите на земјите од Западен Балкан е неопходно да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот во насока на подобрување на условите за живеење и создавање повисок животен стандард за сите граѓани.

За Северна Македонија, Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката придонесува за стабилноста на целиот регион.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека Северна Македонија останува силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена во таа насока да ги пренесе искуствата во сите области за кои Република Косово ќе искаже интерес на нејзиниот пат до членство во ЕУ и НАТО.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери

ДЕСК

ДУИ: Скандалозен и брутален притисок и терор врз обвинителството од страна на ВМРО

ДЕСК