10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Уште една земја во Европа нема да купува гас од Русија: Не сакаме да ја храниме воената машина

Неколку дена откако Литванија објави дека целосно го прекинала увозот на руски гас, друга балтичка држава, Естонија, начелно реши да го стори истото.

Владата во Талин вели дека има за цел да го прекине увозот на руски гас навреме за почетокот на „грејната сезона“ наесен.

Министрите велат дека се договориле со Финска за закуп на пловечки терминал за да се дозволи увоз на течен природен гас (ЛНГ).

„Денес решивме да престанеме да купуваме руски гас. Не е можно да се продолжи со хранење на руската воена машина“, изјави естонската премиерка Каја Калас на прес-конференција.

Иако само седум отсто од енергијата на Естонија доаѓа од гас, речиси целата таа доаѓа од Русија.

Во тек е 43-от ден од руската инвазија на Украина.

Спонзорирано: