17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И ќерките на Путин под санкции од Европската Унија

Европската Унија размислува за воведување санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин како одговор на убиствата на украинските цивили, наводно извршени од руски војници, пренесуваат агенциите.

Според Тајм, предложената листа, која допрва треба да биде одобрена од европските влади, вклучува десетици други поединци, вклучувајќи политички фигури, тајкуни и членови на нивните семејства, како и неколку пропагандисти.

Санкционирањето на ќерките на Путин, Катерина и Марија, е претежно симболичен потег, бидејќи не се знае дека имаат значителен имот надвор од Русија, но имаат за цел да го привлечат неговото внимание.

Животите на ќерките на Путин се опкружени со тајност, тие имаат различни момински презимиња и Кремљ никогаш не ги потврдил нивните презимиња ниту објавил фотографии од нив како возрасни.

Во 2015 година Путин откри неколку детали за своите ќерки, меѓу кои дека и двете дипломирале на руски универзитети и зборуваат неколку јазици.

Марија Воронцова, неговата постара ќерка, е косопственик на компанијата Номенко, која е поврзана со руски претежно приватни инвестициски проекти во здравството.

Катерина Тиконова раководи со Институтот за вештачка интелигенција на Московскиот државен универзитет.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не е запознаен со предлогот на ЕУ за санкционирање на ќерките на Путин и рече дека ќе почека тој да биде официјално објавен.

ЕУ планира да таргетира повеќе од десет луѓе од одбранбениот сектор и четири банки кои се отсечени од глобалниот платен систем Свифт, но не се под целосни санкции.

Предложена е и забрана за увоз на руски јаглен.

Пакетот санкции мора да биде одобрен од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T