14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Франција: Масакарот во Буча не смее да остане без одговор, подготвени сме на драстични мерки

Франција го нарече масакарот на цивилите во Буча нов чекор во ужасот и вети дека ќе стори сѐ што е можно за таквото злосторство да не помине неказнето.

Франција се залага за уште построги санкции против рускиот режим, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал, на денешната прес-конференција.

„По масакарот, мораме да одиме чекор понатаму. Претседателот Макрон му рече на претседателот Зеленски дека немаме табуа во однос на санкциите и повтори дека сме подготвени за драстични мерки во однос на увозот на руските јаглен и нафта“, рече портпаролот.

На прашањето зошто Франција не го забранува увозот на руски гас од Русија, Атал рече дека за санкциите „се разговара на ниво на ЕУ“ и додаде дека таквиот потег ќе биде полесен за Франција, која увезува само 20 отсто од рускиот гас, отколку за другите земји што увезуваат 50, 60 или дури 100 отсто од нивниот гас од Русија.

Спонзорирано: