15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Во својот говор Орбан го критикуваше Зеленски: Тој е мојот противник

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го освои својот четврти мандат со убедлива победа на општите избори, покажуваат прелиминарните резултати.

Неговата десничарска партија Фидес имаше 53,1 отсто со преброени 98 отсто од гласовите, јавува Би-Би-Си.

Во својот победнички говор, Орбан ги критикуваше бриселските бирократи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи ги „противници“.

– Ова беше огромна победа. Тоа може да се види од Месечината, но и од Брисел – им порача Орбан пред приврзаниците во главниот град Будимпешта во неделата навечер.

Унгарија ја дели границата со Украина и досега примила повеќе од половина милион бегалци. Орбан инсистира дека помагајќи им на луѓето, но одбивајќи да испорача оружје на Украина, ја држи Унгарија подалеку од војната.

Кога ќе биде официјално потврдена од унгарската изборна комисија, победата ќе биде четврта последователна победа на Фидес од 2010 година. Во неговите 12 години на власт, Орбан го смени Уставот, ги постави своите луѓе на највисоките позиции во судовите и го смени изборниот систем во негова корист.

За време на кампањата слоганот на опозицијата беше „Орбан или Европа“.