10.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Благодарни сме ѝ на Турција што е подготвена да биде гарант за безбедноста на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Турција за нејзината подготвеност да биде гарант за безбедноста на неговата земја, јавува „Анадолија“.

Зеленски преку својот канал на „Телеграм“ зборуваше за војната што Русија ја почна против Украина.

„Издржавме многупати повеќе отколку што очекуваше непријателот. Мислеа дека војната ќе трае само три-пет дена и дека тоа време е доволно да ја окупираат нашата земја. Но, ние се држиме и ќе продолжиме да се бориме“, рече Зеленски.

Нагласувајќи дека војната е борба за иднината на Украина, Зеленски додаде:

„Продолжуваме да ги тераме окупаторите во правец на Чернихив во регионот Суми“, северно од Киев.

Русија, рече тој, се обидува да создаде структури за зајакнување на сопственото присуство во поранешната окупирана област Херсон.

„Се разбира, ова е залуден напор. Колку се поактивни таму, толку посериозни се загубите на Русија и на рускиот народ“, рече украинскиот лидер.

Осврнувајќи се на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Зеленски рече дека разговарале за средба на руската и украинската делегација во Истанбул.

„Благодарни сме ѝ на Турција што е подготвена да биде гарант за безбедноста на Украина“, заклучи Зеленски.