Centar.mk
БИЗНИС

Членовите со бенефициран стаж имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавностa дека во согласност со законот членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година во согласност со член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од денеска (1 април), имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд најдоцна до 1 јули годинава.

„Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 1 јули 2022 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите што нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ), од каде што ќе го остварат правото на пензија“, се наведува во соопштението на МАПАС.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК