18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Првите импресии се позитивни за пописот кој се реализира по 20 години одлагања

Пописот, со сите опструкции, конечно се финализираше со објавување на резултатите од попишувањето на населението.

И Покај негативните реакции кои беа очекувани, пописот се спроведе успешно по 20 години по сите стандарди на ЕВРОСТАТ.

Европската комисија го поздрави успешното спроведување на пописот, а портпаролката на Комисијата, Ана Писеро, изјави дека е големо достигнување.

„ Ова е големо достигнување, обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани“, рече Писонеро за МИА.

Позитивни оценки даде и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц, кој на вчерашната презентација истакна дека комбинираниот модел што го приемни Северна Македонија во попишувањето беше уникатен и најнапреден со споредба со земјите што спроведуваат попис само на терен.

„Пописот во Северна Македонија во целина беше спроведен според меѓународните стандарди. Резултатите од пописот ќе се сметаат за сигурни, веродостојни, валидни и корисни за планираните политики“, додаде Доленц.

Доленц додаде дека до наредниот период на ДЗС и другите државни институции им останува обврската подобрување на квалитетот на административните податоци и намалување на прекумерниот опфат во регистарот на население.

Според Владата, пописот по речиси 20 години е успешно реализиран и дава релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот.

За СДСМ пописот е голем успех за граѓаните и за државата, спроведен согласно закон и сите правила на Евростат.

.„Успешниот и кредибилен попис е основа на квалитетни економски политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните. Резулатите од пописот на Владата предводена од СДСМ и овозможуваат да носи програми со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на човечкиот потенцијал“, се вели во нивното соопштение.

ДУИ, исто така, се задоволни од пописот, а според претседателот на партијата Али Ахмети, земјава по 20 години има појасен увид во врска со целокупното население и процентот на заедници во државата.

„Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентно население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година). Им честитам на сите институции кои беа вклучени и помогнаа Пописот, како процес кој започна во март минатата година со дијаспората, кој во септември заврши со регистрација на населението во државата“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ повика пописот да не се користи за политички поени.

„Одредени политички партии се обидуваат да го користат пописот за политички цели или за собирање политички поени, а од друга страна се сеќаваме дека дел од партиите во Собранието, особено оние кои имаат порадикални позиции, а и партиите надвор од Собранието коишто денес го критикуваат пописот, повикуваа на бојкотирање во тој период“, рече Маричиќ во интервју за ТВ Шења.

Пописот беше успешен и за министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Пописот на населението се спроведуваше според европските стандарди и дава реални и валидни податоци за процентот на заедниците кои живеат во РС Македонија. Честитки до Државниот завод за статистика и сите други институции вклучени во овој процес, кои покажаа професионалност и ефикасност до завршување на резултатите“, објави Груби на својот официјален профил на Фејсбук.

„Пописот е спроведен по сите европски статистички стандарди, и дава податоци кои беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни. Пописот содржи релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да планира и креира политики од интерес на граѓаните. Честитки до Државниот завод за статистика и сите инволвирани во процесот, за професионалноста и ефикасниот и успешен попис“, изјави премиерот Димитар Ковачевски за пописот.

Резервирани останаа од Алијанса за Албанците особено во делот со 132.000 граѓани што не се попишани на терен и бројката за оние што живеат надвор од државата.

„Ние сметаме дека бројот од околу 260.000 граѓани кои што живеат надвор не соодветствува со реалноста и со публикуваните податоци од страна на меѓународните организации“, изјави Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис. Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, кое изнесува 1 836 713 жители, заклучно со 5 септември 2021.